Руската полиција уби четворица ислмистички екстремисти осомничени за различни прекршоци, пренесе „РИА Новости“.
Полицајците опколиле приватна куќа во која престојувале екстремистите во Република Дагестан, на 600 километри од градот Сочи.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди безбедносните сили да се во највисок степен на готовност, откако неколку недели пред Олимпијадата во Сочи бомбаши-самоубијци убија најмалку 37 лица во јужниот руски град Волгоград.