Папата Франциск во интервјуто за италијанскиот дневен весник Corriere della Sera неточно го пренел својот разговор со патријархото Московски и на цела Русија, Кирил воден на 16-ти март, и таквите изјави нема да придонесат за воспоставвуање конструктивен дијалог меѓу Римокатоличката црква и Руската православна црква, објави во средата службата за односи со јавноста на Московската патријаршија.
„Предизвикува жалење што месец и половина по разговорот со патријархот Кирил, папата Франциск избра некоректен тон за да ја пренесе содржината на разговорот. Ваквите изјави веројатно нема да придонесат кон воспоставувањето конструктивен дијалот меѓу Римокатоличката и Руската православна црква, што е особено неопходно во сегашните времиња“, се наведува во соопштението на Московската патријаршија.
Притоа се забележува дека патријархот во разговорот со понтифот се задржак на некои факти коишто западните медиуми не ги одбележуваат или практично ги одмолчуваат. Патријархот Кирил, според соопштението, истакнал дека сегашната војна во Украина всушност започнала уште пролетта 2014 година со настаните на Мајдан во Киев, кој резултираше со соборување на украинската легитимна власта. Патријархот особено посветил внимание на трагичните настани од 2-мај 2014 година во Домот на синдикатите во Одеса, кога поради несанкционираните и неспречени акции на припадници на неонацистичките групации живи изгореа или веа убиени над 40 рускојазични цивили.
„Натаму, патријархот Кирил потсети дека на крајот на советската ера Русија добила гаранции дека НАТО нема да се придвижи ниту инч кон истокото. Сепак, тоа ветување беше прекршено, па дури во составот на НАТО влегоа и поранешните советски балтички републики. Како резултат на тоа се разви најопасната ситуација: границите на НАТО се на 130 километри од Санкт Петербург (што би се свело на само неколку километри доколку се оствари најавеното влегување на Финска во Алијансата – з.р.), а времето на летот на ракетите е само неколку минути. Доколку Украина беше примена во НАТО, тогаш времето на летот до Москва би изнесувал исто толку, што Русија не можеше да го дозволи“, се вели во објавата на Руската православна црква.
На крајот од разговорот, патријархот Кирил истакнал дека неговата паства е на двете страни од сегашната конфронтација, како и дека моменталната ситуација за него е сврзана со голема болка, се додава.
Рускиот верски челник повикал „апстрахирајќи ја геополитичката компонента“, да се постави прашањето како црквите и духовните лидери можат да влијаат на состојбата на настаните и да помогнат во смирувње на завојуваните со цел да се постигна мир и правда“, се додава во соопштението.
Интервјуто на папата Франциск
Во интервјуто за милански Corriere della Sera објавено во вторникот папата Франциск истакна дека патријархото Кирил во првите 20 минути од нивната комуникација на платформата Zoom „од листовите во рацете му ги прочитал сите оправдувања (за почеток) на војната“ во Украина. Според поглаварот на католиците, на тоа тој одговорил дека духовните водачи „не се државни службеници“ и тие „не можат да го користат јазикот на војната“.
„Разговарав со него 40 минути преку Zoom. Во првите дваесет минути ми ги читаше сите оправдувања за војната од картичката што ја држеше во рака. Го слушав и му реков ‘Не разбирам ништо од ова. Брате, ние не сме државни свештеници, не можеме да го користиме јазикот на политиката, туку јазикот на Исус’“, вели папата во интервјуто.
Папата притоа признава дека „нема доволни волја за мир“ и дека тој е прилично песимист за брзо решавање на украинскиот конфликт, како и дека Ватикан сѐ уште чека одговор на барањето за разговор меѓу понтифот и рускиот претседател Владимир Путин.