Руската војска започна со ракетирање на западниот брег на Дњепар од кој се повлече

Руската војска започна во петокот со напади врз позициите со жива сила и воена опрема на украинската војска на десниот (западен) брег на Дњепат во јужната украинска област Запорожје, по повлекувањето на руските трупи од главниот град на регионот Херсон, соопшти руското министерство за одбрана.

Притоа се прецизира дека напредувањето на украинските сили последните два дена во оваа област и покрај повлекувањето на руските единици не било поголемо од десет километри.

„Со огнот на руската артилерија, воздушните удари и употребата на минско-експлозивни средства и препреки единиците на Вооружените сили на Украина на оддалеченост од 30 до 40 километри од областа на премините преку реката Дњепар“, се наведува во соопштението на руската војска

Се додава и дека и покрај тоа што украинските сили се обиделе да ги нападнат руските при нивното повлекување на спротивниот брег на реката, немало жртви и материјални загуби на руската страна. Министерството тврди дека биле спречени сите обиди за ракетни напади врз силите кои се преместувале на новите позиции со помош на противвоздушната одбрана и електронското војување, при што биле пресретнати 33 проектили од американските ракетни системи со голема прецизност и долг дострел HIMARS.

Москва наведува дека повеќе од 30.000 војници и околу 5.000 единици вооружување и опрема, како и други техники биле безбедно пренесени на левиот (источниот) брег на Дњепар. Министерството за одбрана истакнува дека на десниот брег на реката не останало ниедно парче оружје, извлечена е целата опрема, вклучително и онаа за која е потребен ремонт.

Претходно седмицава командантот на Здружената група на руските сили кои дејствуваат во Украина, генералот Сергеј Суворикон објави дека е донесена одлука руските сили да се повлечат на источниот брег на Дњепар со цел да се спречи непотребно губење на животите на војниците и цивилите и напуштање на Херсон, најголемиот град во Запорошкиот регион кој исто така беше освоен во февруари без речиси никаков отпор.

Генералот Суворикин ваквата маневра ја објасни со упорното гранатирање од страна на украинските сили на големата акумулација Каховка, чијашто брана минатата седмица беше погодена и малку оштетена, а чие уривање може да доведе до големо поплавување на областа и големи жртви. Покрај тоа, руските сили во Херсон се соочени со логистички тешкотии, поради речиси деноноќните гранатирања на транспортните коридори преку Дњепар.

Исто така, Суровикин истакна дека повеќе од 115.000 цивили се евакуирани од регионот. Додаде дека во борбите од август до септември украинските сили во регионот загубиле повеќе од 9.500 војници и ранети, додека загубите на руските трупи биле за „седум до осум пати помали“.