![Руски „сухој“](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Ruski-suho-.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Руски воен авион Су-27 пресретна американски шпионски авион Р-8А Посејдон над Црно Море, кој, како што се наведува, ги „надгледувал“ руските јужни граници.
Според руските медиуми, ова е третпат за речиси една недела руски „сухои“ да пресретнуваат американски шпионски авиони.
Радарот го открил леталото вчера во неутралните води на Црно Море, а потоа го пресретнал воениот авион Су-27, чиј пилот од безбедна оддалеченост потврдил дека станува збор за споменатиот американски авион, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Нарушување на воздушниот простор не е дозволено, се додава во соопштението на руското Министерство.
Веднаш потоа, Р-8А Посејдон го сменил курсот и почнал да се оддалечува од руската граница, а Су-27 се вратил во базата.