Руските комичари, по познати со уметничките имиња Вован и Лексус, имаат издадено книга во која се опишани сите измами што и ги направиле на светските политичари во изминативе години. Книгата е насловена „По ком звонит телефон“, односно „Кому му ѕвони телефонот“.
Книгата чини 35 долари и може да се нарача на интернет. Покрај интересните приказни, има и аудио разговори со измамените лидери.
Досега на нивните шеги наседнаа Зоран Заев, Рамуш Харадинај, Федерика Могерини, Хуан Гваидо, Жан Клод Јункер, Ердоган, Мило Ѓукановиќ, Макрон… и многу други политичари.