Најбогатите Руси го зголемиле своето богатство за 72 милијарди долари во минатата 2023 година и „тежат“ вкупно 577 милијарди долари, објави во вторникот Forbes, а истовремено Вагит Алекперов, поранешниот претседател на нафтената компанија „Лукоил“, сега е најбогатиот човек во Русија.
Финсинсискиот магазин Forbes го процени вкупното богатство на руските милијардери на 606 милијарди долари во 2021 година, пред руската инвазија на Украина. Високите цени на суровините во изминатите две години и економскиот раст на Русија фокусиран на војна, кој го намалува влијанието на западните санкции, помогнале во закрепнувањетп и враќање кон таа сума.
Многу руски милијардери станаа цел на западните санкции, додека Западот се обидува – како што декларативно ја персонализира војната – да го казни рускиот претседател Владимир Путин и неговите блиски соработници поради војната во Украина. Нивното вкупно богатство падна на 353 милијарди долари во 2022 година.
Богатството на Алекперов пораснало од 20,5 милијарди долари на 28,6 милијарди долари во 2023 година, објави Forbes. Првото место во Русија го презеде од сега веќе седморангираниот Андреј Мелниченко, кој се збогати со земјоделски ѓубрива и чијашто вредност од 25,2 милијарди долари паднала на 21,1 милијарди долари.
Леонид Микелсон, шеф на рускиот производител на природен гас „Новатек“, е рангиран на второто место од Forbes. Неговото богатство пораснало за 5,8 милијарди долари на вкупно 27,4 милијарди долари.
Forbes објави дека досега има повеќе милијардери во светот – 2.781. Првите дваесетмина на листата држат најголем дел од богатството, а Алекперов сега е 59-ти во светот.
„Тие се побогати од кога и да е, вкупно вредат 14,2 трилиони долари, што е зголемување од 2 трилиони долари од 2023 година“, објави Forbes.
Путин постојано истакнува дека западните санкции не успеале да ја уништат руската економија, што е нивна главната цел, и нагласува дека руската економија се проширила побрзо минатата година, со раст на бруто домашниот производ (БДП) од 3,6 отсто, отколку која и да е од земјите од Г7 кои се во голема мера одговорни за воведувањето на антируските санкции.
Руската економија остро закрепна по падот во 2022 година, но на Западот тврдат дека растот во голема мера се потпира на државното производство на оружје и муниција за војната во Украина. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) очекува БДП=то на Русија да порасне за 2,6 отсто оваа година, но предвидува лоша прогноза за економијата во иднина поради наводниот одлив на луѓе и недостапноста на технологијата.