Архиепископијата на руските православни цркви во западна Европа со седиште во Париз е наклонета кон присоединување на Московската патријаршија, покажа гласањето на нејзиното генерално собрание кои уште не се потврдени, пренесе агенцијата AFP во неделата повикувајќи се на извори од архиепископијата.
На вонредното генерално собрание на кое во саботата учествувале парохиски претставници, свештеници и лаици, „предлогот за присоединување“ на архипеископијата во рамките на Московската патријаршија добил 58 отсто од гласовите, од 186 гласа, прецизирале од архиепископијата за AFP.
Меѓутоа, според статутот на архиепископијата, за потврда на гласање на вонредно општо собрание неопходно е двотретинско мнозинство, рекле подоцна од секретаријатот на Советот на архиепископијата. „Одлуката за евентуалното присоединување не можќе да се донесе на основа на ова општо собрание“, додале.
Архипеископијата на руските православни цркви во почетокот ги претставувала Русите кои емигрирале на Западот по болшевичката револуција од 1917 година. Архиепископијата во 1937 година е ставена под управа на Цариградската екуменска патријаршија, задржувајќи ја својата самостојност. Опфаќа 120 епархии, од Скандинавија до Шпанија. Архиепископ на оваа црква е Иван од Чариуполис.
Цариградската патријаршија во ноември 2018 година одлучи да ја распушти западноевропската егзархија на руските парохии. Со усвоената одлука беше поништен томосот на патријаршијата до 1999 година, а во саботата се одржа Генералното собрание на кое требаше да се донесе одлука со којашто ќе се надминеа тензиите по одлуката на Цариград да го измени статутот на Архиепископијата и да ја распушти.
Предлогот за присоединување одобрен на собранието во саботата би овозможил „излегување од кризата“, велат од Архиепископијата и наведуваат дека и натаму ќе работат на тоа. „Тој ја зацврстува и стабилизира положбата на Архипеископијата во нејзината целост и автономија“, се наведува во соопштението кое беше објавено во петокот. „Архиепископијата на руските православни цркви во западна Европа ќе биде нов вид срковен субјект во рамките на Московската патријаршија кој ќе биде внесен во нејзините статуту“, се додава.