
Регионалната групација на заедничките руски и белоруски единици започна со извршување на задачите за заштита на Сојузната држава, изјави во понеделникот белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин.
Поради разместувањето на белоруските единици, Киев кој од Минск повеќепати годинава беше обвинуван за воени провокации на заедничката граница, ставува дека Лукашенко би можел да ги ангажира во помош на руските сили на теренот во Украина. Меѓутоа, политичките аналитичари не веруваат во таквата опција, но сметаат дека Лукашенко можеби не да биде во позиција да го одбие таквото барање, доколку дојде од Москва.
Воените аналитичари проценуваат дека е неверојатно дека самата Белорусија ќе се вклучи во војната во Украина, но од друга страна ваквото руско-белоруско сојузување би се ангажирале украинските сили на истокот и западот на Украина. Како што претходно соопшти официјален Минск, одлуката „се спроведува исклучиво во интерес на зајакнувањето на безбедноста и одбраната на границата на државниот Сојуз и оти „е диктирана од моменталните активности во пограничните региони“.
„Самата регионална групација на трупите и силите е сложен организам составен од многу компоненти. Вклучува органи на команда и надзор на различни нивоа, единици и сили, како и различни системи на поддршка, како белоруски, така и руски“, го цитира Хренин службената новинска агенција БелТА.
Според министерот, војската нема да дозволи да се развие вооружен конфликт на територијата на Белорусија. Во текот на маневрите се применуваат различни опции за распоредување и употреба на групациите“, додал Хренин.
„Во практика го тестиравме и истовременото распоредување на сите системи во случај на јасна закана и нивно етапно распоредување во согласност со условите кои ги диктира ситуацијата. Уверени сме дека тоа ќе осигури безбедност по целиот периметар на границата на Сојузната држава во источноевропскиот регион на колективна безбедност“, додал белорускиот министер за одбрана.
Истакнал дека тоа не е само реакција на акциите на противниците, туку задачата на заедничката руско-белоруска воена групација ја нарекол „чисто одбранбена“.
„Севкупно, веруваме дека мерките за стратешко одвраќање кои се спроведуваат и планираат од вооружените сили демонстрираат подготвеност да ја одбраниме нашата земја и да му нанесеме непоправлива штета на агресорот. Сепак, основата на нашата воена политика останува ставот дека е поцелисходно да не се ѕвечка со оружјето, туку да се седне на преговарачката маса“, заклучил Хренин.
Според белоруското Министерство за одбрана кон крајот на минатата седмица во земјата почнале да пристигнуваат првите единици на руските трупи. Групација ќе брои до 9.000 војници, околу 170 тенкови, околу 200 оклопни борбени возила и 100 други видови оружја и минофрлачи.
Распоредувањето на регионалната заедничка групација ја објави на 10-ти октомври белорускиот претседател Александр Лукашенко кој тоа го договорил со рускиот колега Владимир Путин, како што рече, поради влошувањето на ситуацијата на западната граница на Сојузната држава.. Според Лукашенко, Западот ја притиска Украина да отвори фронт против Белорусија додека НАТО и некои европски земји разработуваат опции за агресија кон Минск.
Тероризам и Сојузната држава
Минатиот петок белорускиот претседател Александр Лукашенко изјави дека неговата земја е ставена во состојба на зголемена терористичка приправност поради трупањето војски на нејзините граници и тензиите. Потегот Лукашенко го поврза со извештаите од понеделникот дека во соседните Украина, Полска и Литванија се подготвуваат групи од белоруски дисиденти и радикали воено да заземат регионален центар на белоруска територија и да испровоцираат бунт, поради што белоруските единици заедно со руските се распоредени близу јужната граница меѓу Белорусија и Украина.
Белоруската телевизија во неделниот извештај тврди дека неколку лица се уапсени во безбедносните операции за спречување на серија терористички напади. Во прилогот се наведува дека планерите на нападите се поврзани со неформалната организација којашто се огласува со кратенката BYPOL, која во Белорусија е ставена на листата терористички организации, како и со ткн „преодна влада“ на белоруската опозиција во егзил која е финансиски и организационо поддржувана од западните влади.цВо прилогот се истакнува дека уапсените „даваат признанија и се подготвени да соработуваат со истрагата“.
Договорот за формирање Унија (Сојузна држава) Белорусија и Русија е потпишан на 8-ми декември 1999 година. Неа ѝ претходеше формирањето на Заедницата на Белорусија и Русија во април 1996 година, а во април 1997 година на Сојузот Белорусија и Русија, со крајна цел создавање заедничка држава.
По доаѓањето на власт на белорускиот претседател Александр Лукашенко исчезна ентузијазмот за поголема политичка интеграција, бидејќи тој стравуваше од губењето на овластувањата и моќта, а често во минатото кокетираше и со Западот. Меѓутоа, Лукашенко се премисли откако увиде дека западните земји во своето приближување до границите на Русија имаат намера да изведат во Минск сличен преврат како и во Киев во 2014 година, а по претседателските избори во маја 2019 година кога не му беше признаена надмоќната победа и беа организирани масовни протести под обвинение дека се наместени резултатите. Тогаш Москва финансиски го поддржа во врска со наметнатите санкции, а му помогна и во нормализирање на безбедносната состојба имајќи ги предвид зголемените трупи на НАТО на белоруските граници