Руско МНР: Лавров никогаш не зборувал за поделба на Македонија

лавров

Лавров никогаш не давал изјави со таква или слична содржина, туку напротив отсекогаш осудувал какви било слични наводи, се вели во реакцијата од руското МНР.

Идејата за поделба на Македонија, се посочува во соопштението, дојде од страна на американскиот конгреснмен Дејна Рорабахер.

Очигледно е дека таа измислица е направена со провокативна цел за да се извалка имиџот на Русија на Балканот, но и да ги подгрее тензиите во Македонија, истакнува руското МНР.

Покрај тоа, се нагласува и дека администрациите на САД и на ЕУ, со користење на деструктивни методи како „шарени револуции“ и обидите да се воспостави владеење кое не е во согласност со јавното мислење, директно се мешаат во внатрешните работи на Македонија.

Уверени сме дека таквите потези ќе доведат до поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, предупредува во реакцијата Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.