Денеска на рочиштето на „Рекет“, обвинителството, односнот Вилма Русковска ги искажува завршните зборови за случајот. Таа уште еднаш напомена дека Катица Јанева се наоѓа во филмот на Чарлиевите Ангели.
„Обвинетата Јанева сѐ уште е во филмот на Чарлиевите Ангели. Но вистинскиот филм е борбата на доброто против злото“, рече Русковска која што напомена дека Обвинителството доживеало разочарување кога клучниот лик преминал на страната на злото.
Русковска истакна дека никој не може да замисли колкава сума на пари биле во прашање, кога Јордан Камчев дошол во обвинителството и раскажал што се случило.
„Мислев дека сум во еден лош сон. Износите на пари кои беа барани, не можеме ни да ги замислиме на сон, а не на јаве“, рече Русковска.
Како течело договарањето за останатите еден милион, таа рече дека се докажало од исказот на Камчев кој раскажал детално како се договарале по излегување од притворот во Шутка.
Во таа насока таа цитираше и делови од снимките кои беа објавени и во весникот „Ла Верита“.
Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета во „Рекет“, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.
Меѓу обвинетите за овој предмет каде прв пат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милевски – Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја призна вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор.