![vilma ruskovska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/vilma-ruskovska.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Не се почитуваат законите и често се злоупотребуваат функциите, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска во гостувањето во ТВ 24.
На новинарското прашање, како државава се носи со корупцијата, таа само кратко порача:
-Во државава има многу корупција. Интензивно работиме и даваме се од себе. Добиваме информации од секаде, МВР, Антикорупциска, Финансиска полиција, а отвораме предмети и по допрен глас, рече Русковска.