Станува збор за Душко Лазаров вработен во МВР, кој на 27-ми април 2017 година бил дежурен во оперативниот штаб на МВР во текот на инцидентите во Собранието и кој е осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок. Русковска тогаш не дозволила Лазаров последен пат да се прости со неговата мајка која починала на денот кога тој бил приведен поради настаните.
Сепак Пацка Лазарова, во коментар на својот фејсбук профил денеска ја потсети Русковска за немилосрдноста која ја имала кон осудените во случајот 27-ми април.
Coчуство до обвинителката Јанева за смртта на нејзината мајка но уште едно големо coчуство за правосудниот систем. Судбината сакаше, на денот на апсењето, кога почина мајката на Душко Лазаров, Вилма Русковска не одлучи човечки и не му дозволи да се прocти за последен пат од неговата мајка. Најчовечно ја молам обвинителката Русковска барем за момент кога ќе се најде во ваква ситуација да се сети на пролеаната coлза на мојот сопруг по починатата мајка и за непpaвдата која му ја нанесе, пишува Пацка Лазарова.