Рускоска призна дека граѓаните немаат доверба во судството и обвинителството, но и во нејзе

Вилма Рускоска, обвинителка во обвинителствто за организиран криминал и корупција во своето гостување во емисијата „Само интервју“ зборуваше за обвинителството во државата и призна дека граѓаните немаат доверба ниту во судството, ниту во обвинителството, што покажува дека неамаат доверба и во неа.

„Ако се има предвид дека целиот политички врв, од обвинителството, од СЈО еве и јас лично два пати бев гостин во неговата емисија на 1ТВ, бев и на прославата на 1ТВ значи едноставно луѓето немаат доверба каде да пријават и дали да пријават воопшто и тоа треба да се зема во предвид. Боки 13 многу мудро играше со тоа што нон стоп беа на емисии кај него во 1ТВ политичкиот врв, гостуваа обвинители од СЈО повеќа пати и јас гостував таму два пати. Така што луѓето немаат доверба ако пријават дека нешто што ќе се отвори како предмет може да има завршница“, рече Рускоска во своето гостување.