Вилма Русковска се шетала како „Мечка Божана“ од медиум на медиум откако го уапсила Боки 13, обвини Бојан Јовановски во завршниот збор за случајот „Рекет“.
Јовановски објаснуваше и едно нејзино гостување на „Канал 77“ каде Русковска не знаела што да одговори во врска со тоа кој го пријавил случајот – Камчев или Заев.
„Се плеткаше, Заев бил, па Јордан бил, па видела нешто – па не видела“ – рече Јовановски.
Не сме сите еднакви пред законот, вели Јовановски, додека објаснуваше како поминувал низ притворот но и поради односот на Русковска.
„Додека бев во затвор бев дискриминиран дека сум бил ‘педер’. Дури и екс-премиерот ме нарече ‘педер’ и кога тоа ќе го каже премиер ги окуражува сите да ме викаат така. И кој одговараше за тоа? Заев? Не, никој не одговараше“ – рече Бојан Јовановски.