Рускоска се враќа од одмор, Јанева ќе дава исказ

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, в среда се враќа од одмор на работа, потврдија од обвинителството за организиран криминал за ТВ Сител.

Од обвинителството велат дека сите инволвирани во случајот „Рекет“ ќе бидат повикани на распит, вклучувајќи ја и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но не откриваат кога тоа точно ќе се случи.

Претходно во медиумите беше соопштено дека обвинителката од СЈО Лиле Стефанова пак која е надлежна за случајот „Империја“ во вторник во ОЈО ќе го даде исказот пред обивнителот што ја заменува Рускоска додека е на одмор.