Руското обожување на сладолетот посилно од пандемијата

Познато е дека Русите сакаат да го јадат сладоледот во сите годиши времиња, а апетитот кон овој смрзнат деликатес не им го намалила ниту пандемијата на коронавирусот па неговото консумирање во минатата 2020 година пораснала за 9 отсто, според податоците на Руската земјоделска банка.

Минатата година во Русија се продадени 444 илјади тони сладолед, што соодветсвува на 3 килограма сладолед по жител, според пресметките на банката.

Продажбата на сладоледот на кисоците, во парковите и кафулињата е намалена поради епидемиолошките мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот, но граѓаните повеќе го купувале сладоледот во супермаркетите или го порачувале преку интернет.

Оваа година, како што се проценува според досегашните податоци, продажбата на сладоледот ќе порасне за 1 отсто, односно на 3,1 килограма по жител, што е најголемото количество во последните десет години.

Побарувачката на сладолед во Русија континуирано расте последните години, истакнуваат аналитичарите на банката, предвидувајќи во следните години раст на побарувачката на „здравите“ сладоледи, односно нискокалорчните.

Производството на сладолед пораснало во 2020 година за 8 отсто, на 451 илјади тони, а оваа година според процените на Руската земјоделска банка, би требалода се зголеми за уште 3 отсто.

Најголемо количество од сладоледот произведен во Русија се консумира дома, а лани според статистичките податоци извезени се само 26.000 тони. Извозот, сепак, пораснал во споредба со 2010 година, кога во странство биле продадени само 3.000 тони руски сладолед.

Сладоледот во Русија се смета како национално слатко, а во некогашниот Советски сојуз масовно започнал да се произведува во 1930-те години.