![111](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/111.jpg?resize=640%2C525&ssl=1)
Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за која власта бие битка таа да остане на чело на новото Обвинителство во чиј состав би влегло и СЈО, изгледа дека „шефува“ и на кумановските улици.
Обвинителката која за тероризам ги осуди учесниците во случајот поврзан со насилството во Собранието, го води случајот „Рекет“, а ги водеше и истрагите за „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“, себе си се смета над законот, па без никаков проблем крши сообраќајни правила.
Таа е фотографирана утрово во Куманово, како непрописно автомобилот го паркирала на пешачки премин.
Ова секако не е дозволено за кој било учесник во сообраќајот, а особено не за обвинител кој треба да го штити правото и законите…