Аудио разговорите кои се објавени на Јутјуб, а во кои се слуша како глас кој на ликува на оној на бизнисменот оштетен во случајот „Рекет“ зборува со друго лице, поврзано со случајот не биле во доказите доставени до обвинителството на хард дисковите, вели во изјава за порталот „Локално“, шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
„Првпат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени“, вели Русковска за Локално и додава дека обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб.