Обвинителката, Вилма Русковска, во гостување на „Само интервју“, се осврна на случувањата од 27 април.
-Објаснив дека во 27 април не се работи за терористи. Требаше сите да одговараат само за рушење на уставниот поредок – посочи Русковска.
Таа вели дека Амнестијата за дел од луѓето поврзани со случувањата била политичка одлука.
-Па, ако некој беше повреден од таа аменстија, тоа бевме јас и мојот тим. Немав избор, морав да го следам законот – додаде Рускоска.
Рускоска доби прашање како гледа на тоа се отфрлаат тужбите поднсени од новинарите кои беа присутни во Собранието.
-Не ме чуди ништо, и мојата тужба е отфрлена – вели обвинителката.