
Обвинителката Вилма Рускоска на прашањето на „Република“ зошто нема обвинение за поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милеска бидејќи ја има во сите пораки со останатите обвинети за настаните од „27 април“ рече дека за неа немало доволно докази за да се покрене обвинение.
-Немаше обвинение за нејзе затоа што немавме докази дека освен ангажирање на уметници и познати личности направила било што конкретно. Освен други докази немавме ништо друго поконкретно. Тие се причините-објасни обвинителката.