Обвинителката Вилма Русковска изјави дека објавените документи од италијанскиот весник „Ла Верита“ се дел од истрагата која се спроведувала во 2014 и 2015-та година.
На распит биле повикани Зоран Заев и неговиот брат, Вице, но случајот во 2018 е затворен бидејќи немало докази дека осомничените сториле кривично дело.
„Тоа што објави „Ла Верита“ се извадоци од истрагата на обвинителството. Кога ќе се видат целите разговори, дело нема“, изјави вчера Рускоска за медиумите.
„Ла Верита“ денеска на продолжи со објавување делови од наводната кривична пријава за која тврди дека дека била поднесена против експремиерот Зоран Заев во 2014 година за купување гласови на изборите, а која останала до ден денес во фиока.
Коментирајќи ги наводите во италијанскиот весник, лидерот на СДСМ и тогашен градоначалник на Струмица изјави дека целиот случај имал политичка позадина бидејќи неговата партија не ги признала тогашните избори.
„Ако имале какви било докази, верувајте 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ, Заев ќе го осуделе“, изјави експремиерот.
Во периодот кога е поднесена кривичната пријава против Заев, со обвинителството за организиран криминал раководи Јован Илиевски, баџанак на директорот на тогашниот прв разузнавач, Сашо Мијалков.
Со државното јавно обвинителство во тоа време, пак, раководи Марко Зврлевски.