Рустеми: Немав притисоци за тоа што да кажам во Обвинителството

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми по исказот даден во Обвинителството за гонење орг криминал и корупција изјави дека немал притисоци за тоа што да каже пред обвинителката Русковска.

Тој изјави дека се што знаел за случајот „Рекет“ го кажал во обвинителството но не може да открива детали.

За состанокот кој се одржал во понеделникот во СЈО меѓу обвинителите, го нарече „кафе пиење”.

Јас нема да откривам детали од тоа заедничко пиење кафе на колегиумот со Јанева. Можам да кажам само дека јас лично не почувствував закана или влијание од некого за што да кажам или што да не кажам во денешното сведочење во истрагата „Рекет“, рече Рустеми.