Етички совет ќе одлучува дали обвинувањата на обвинителката Ленче Ристоска дека Советот на јавни обинители е под политички влијанија во носењето на одлуките, се издржани. Од мислењето ќе зависи и дали и какви импликации ќе има врз службата на Ристоска.Првиот човек на Советот на јавни обвинители Антониот Јолевски за Сител вели дека ова се сериозни обвинувања од јавен обвинител, без аргументи. Ниту тој, ниту другите членови на Советот, немале никакви влијанија, затоа ќе бараат да се постапува согласно чл.10 од Кодексот на јавни обвинители, каде стои дека обвинителите нема да ги коментираат одлуките на Советот.
Пиоранешната обвинителка на СЈО, го впери прстот кон Советот тврдејќо дека е извор на тргување со влијание. Според Ристоска, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрлило во професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.
И додека трае препукувањето на Релација Совет на ЈО и Ристоска, Јолевски вели дека се покренува и прашањето колку ефикасно работела Ленче Ристовска и нејзиниот колега Љубомир Лапе. Добиле информација од ЈО на ОЈО Куманово дека иако е донесена одлука тие по згаснувањето на СЈО да се вратат во матичните обвинителства Лапе не се појавувал на работа, а четири години ниту Ристовска не се појавила на работа иако тврдат дека земале плата.
Ваквите критики доаѓаат во период кога и американската амабасадорка сериозно им забележа на судските органи дека се враќаат предмети од Апелација на повторно разгледување. Сепак Советот на јавни обвинители тврди дека на нивна адреса нема пристигано ваков допис, затоа нема да ја коментираат содржината.