Сѐ повеќе волци во Германија и сѐ погласни апели за отстрел

Во Германија се зголемил бројот на волците а со тоа и бројот на забележаните напади врз стоката, што повторно ги поттикна дискусиите за дозволување на отстрелот, соопшти во понеделникот Сојузното биро за заштита на природата со седиште во Бон.

„Годинава бележиме благ раст на волчјите чопори од 158 на 161, при што станува збор за очекуван природен пораст на бројот на овие животни“, се наведува во соопштението на споменатото биро.

Истовремено од 942 на 975 се зголемил бројот на нападите на волците на стоката, во прв ред овците и козите, што повторно ја отвори јавната дискусија за дозволување на отстрелот на волците во деловите на Германија каде е забележан најголем број нбапади.

Опозициската Христијанско-демократска унија (CDU) неодамна во Европскиот парламент покрена резолуција за промена на директивата на Европската унија за заштита на флората и фауната, за да се овозможи контролиран отстрел на волците.

Во извештајот на Сојузното биро за заштита на природата се наведува дека германските сојузни покраини со најголем број волци добиле значителни средства за заштита на стадата. За таа цел минатата 2021 година биле издвоени 16,6 милиони евра, меѓу другото и за поставување електрични огради и набавки на кучиња чувари. Истата година државата на сопствениците на стадата кои претрпеле напади од волци им исплатила отштета од повеќе од половина милион евра.

Германската филијала на светската организација за заштита на дивината WWF децидно се изјасни против попуштањето на мерките за строгата заштита на волците.

„Сегашните бројки кои се однесуваат на бројот на волците во Германија јасни покажуваат дека Германија и натаму мора да инвестира во мерките кои волците ги одбива од стоката, како што се заштитните огради. Бесполезните дискусии и популистички повици за отстрел не му помагаат никому“, се истакнува во објавата на WWF за Германија.

Во Германија е забранет отстрелот на волците, со исклучок при агресивно однесување на некои животно кон луѓето, што од воведувањето на прописите во 1998 година сѐ уште не е забележано.

Во текот на ткн „волчја година“, која почнува на 1-ви мај и траел до 30-ти април следната година, во 2021/2022 пронајдено е 148 мртви животни, од кои најголемо мнозинство настрадале во сообраќајни несреќи. Илегално се убиени 13 волци, и покрај забраната за отстрел.

Поголемиот број волци потекнуваат од источна Европа, особено од соседната Полска, а и најголемиот број волци во Германија се забележани во источните слабо населени области на покраините Бранденбург и Саксонија.