Бројни странски работници и возачи на камиони кои се водат како исчезнати и за кои се претпоставува дека настрадаа во разорната експлозија во Бејрут го отежнуваат идентификувањето на жртвите, соопштија градските власти.
„Има многу исчезнати кои не можеме да ги идентификуваме. Меѓу нив се возачи на камиони и странски работници“, изјави гувернерот на Бејрут, Марван Абуд за телевизијата al-Jadeed.
„Тие тела никој не ги идентификува, и тоа е тешка работа за која е потребно доста време“, додаде Абид.
Сириската влада соопшти дека меѓу 158-те лица за кои е потврдено дека загинале во експлозијата од 4-ти август во бејрутските пристанишни складови, околу 45 мина се сириски државјани.
Сиријците во соседен Либан, каде и што живеат во одредени области, се најзастапените странски работници кои се вработени во градежништвото, земјоделието и транспортот.