Сѐ уште се преговара со комерцијалните банки за парите од унгарскиот заем

Домашните компании ќе ги добијат парите од унгарскиот заем под истите услови под кои беа земени, рече денеска премиерот Христијан Мицксоки.

Тој уште еднаш кажа дека парите се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обврската на државата кон нив.

-Парите од унгарскиот заем се веќе стигнати, тука се, на сметката на Народната банка. Сѐ уште се преговара со комерцијалните банки околу делот на тоа каква би била обврската на државата кон нив. Очекувам сите заедно да направиме нешто за државата и економијата, подвлече премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците на МАСИТ.

Од унгарскиот кредит за бизнисот се планирани 250 милиони евра.