Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево Ѓорѓија Сајкоски преку статус на Фејсбук пишува дека наместо фотоволтаична централа празна ливада во стар рудник Осломеј.
-Наместо фотоволтаична централа празна ливада во стар рудник Осломеј!
Лажни ветувања, негрижа, неработа и подготовка за пропаст на комбинатот ТЕЦ Осломеј. Според стратегијата на владата комбинатот Осломеј треба да биде затворен во 2025 година, ваквата нивна идеја ја потврдија во повеќе наврати. Секако тоа се гледа и од нивната работата. Во овие изминати три години имаме само лажни ветувања, ветување за отворање на копот, за нова механизација, за поставување на филтер на оџакот за редукција на емисија на штетни гасови. Мора да се истакне дека неработата е најизразена во овој три годишен период. Работа нема но затоа главна е лагата што ја кажува власта покрај погоре посочените најголема лага е ветувањето за изградба на фотоволтаична централа. Оваа нивна лага е повеќе пати кажана од сите структури на власта. Сепак наместо фотоволтаична централа во стар рудник имаме ливада, стои во неговиот пост на Фејсбук.