Пратеникот Ѓорѓија Сајкоски најави период на партиско сплотување откако синоќа беше избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно најголемата опозициска партија на Централен комитет го разреши Игор Јанушев, откако тој даде оставка од лични причини.
„Почитувани членови, симпатизери, пријатели, браќа и сестри: Сакам да ја изразам мојата огромна благодарност за довербата што ми е дадена од страна на Централниот комитет и претседателот Христијан Мицкоски за да ја извршувам функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
За мене тоа претставува посебна чест и задоволство, но истовремено и обврска, заложба и борба за конечен пад на оваа не народна власт.
Претстои период на партиско сплотување, зајакнување на структурите и политики кои ќе произлегуваат од народот и за народот. Ветувам дека ќе биде отворена вратата кај мене за сите членови, симпатизери и нови луѓе, добронамерни луѓе со кои заедно ќе ја поразиме оваа власт. Одиме заеднички во победи! Да живее ВМРО – ДПМНЕ! Да живее МАКЕДОНИЈА!“, напиша Сајкоски.
Пратеникот е автор од Кичево и беше многу активен пред и за време на предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во овој реон