Ве убедувам дека докторот Мевмед Џафери ќе биде градоначалник, ве убедувам дека ќе имаме советничка листа која ќе има најмногу гласови и заедно ќе работат со градоначалникот за граѓаните, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ на митингот во Маврово-Ростуше.
„Само така со работата може да ги поразиме, да им кажеме дека им биле лоши политиките во здравството, во образованието, треба да ги поразиме за нереализираните инфраструктурни проекти, за криминалот, за корупцијата, со тоа ќе им подариме на нашите деца иднина каква што заслужуваат“, рече Сајкоски.
Според него со докоторот Џафери Маврово – Ростуше може да биде просперитетна општина, со него ќе профункционира системот, хаосот ќе престане.
„Сега е моментот да ги поразиме, бидејќи ништо не направија откако се на власт, да ги поразиме за да донесеме нова иднина за Маврово – Ростуше. Јас знам дека тоа го можеме и ни треба силна поддршка за силна победа“, кажа Сајкоски.
Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на 17 октомври.