Во контекст на принципиелност и она што го работиме како ВМРО-ДПМНЕ можам да истакнам дека нашиот став е непроменет и она што го кажавме првично. И нашиот став е дека ние како политички субјект сме единствениот браник за заштита на македонскиот национален идентитет и заштита на македонскиот народ. И ние укажавме уште на почеток дека ваквите ставови, ваквите размислувања, и ваквиот предлог што сега го имаме на маса е неприфатлив за нас“, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Сајкоски додаде дека затоа заложба на ВМРО-ДПМНЕ од самото формирање на партијата е влез во ЕУ и НАТО.
„Затоа проактивно појдовме на средбата што беше на покана од премиерот Ковачевски и претседател на СДСМ и сакавме да појдеме со конкретни предлози, со предлози кои што ќе го подобрат начинот и условите за влез во ЕУ. Нашите заложби како политички субјект од формирањето на партијата се влез во Европска Унија и влез во НАТО пред сите политички субјекти во Република Македонија. и затоа сега сакавме проактивно, сакавме на начин онаков каков што заслужуваат граѓаните на Република Македонија да ги ослободиме од притисоците и да направиме еден исчекор во насока за да имаме побрз влез во ЕУ“, рече тој.
Тој посочи дека Ковачевски сакаше да поентира со ситни политички поени преку кратење и извртување на реченици на претседателот Мицкоски.
„Ние сме сведоци на процеси каде што едно се ветуваше од страна и на домашниот и на меѓународниот фактор, а друго се испорача“, потсети Сајкоски.
„Ние сме сведоци дека во 2017-та година се потпиша еден договор за пријателство, соработка и на самата прес конференција тогашниот премиер на Бугарија Борисов истакна дека со овој договор се гарантира за Македонија дека нема никакви пречки ни за влез во НАТО, и ни за влез во ЕУ, дури и се понуди дека премиерот на Република Бугарија ќе биде гарант на процесот за влез на Македонија во ЕУ. И ние денес гледаме дека наместо да бидат најголем поддржувач како што се претставуваа, наместо да бидат братска земја која што ќе го следи процесот и ќе даде поддршка во процесот, ние гледаме дека денес Бугарија ние најголемиот кочничар“, појасни Сајкоски.