Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека согласно Законот за празниците, сабота, 8 април, Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во државата.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.