Соединетите држави ја затворија во понеделникот својата амбасада во Белорусија и им дозволиле на членовите на семејствата и персоналот кој не е неопходен да ја напуштат амбасадата во Русија.
„Ги преземавме овие чекори поради безбедносни тешкотии произлезени од со ништо непредизвиканиот и неоправдан напад на руската војска во Укаина“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Фотографијата којашто на Twitter ја објави американската амбасадорка во Минск, Џули Фишер, прикажува персонал кој го . спушта американското знаме. Напиша дека „целиот американски персонал ја напушти Белорусија“.
Американски функционери во понеделникот ја предупредија Белорусија дека и таа ќе сноси последици поради наводната нејзина улога во украинската криза. Европската унија, исто така, продолжува со притисоците врз Минск, и предупреди дека оваа седмица ќе воведе нови санкции против Белорусија.
Американските државјани во Белорусија, исто така, веднаш би требало да отпатуваат, порача Стејт департментот во засебното упатство за патувања.
Вашингтон пред два дена ја премести својата амбасада од украинскаа престолнина Киев во западниот град Лвов, пред руското настапување во Украина.
Портапролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на прес-конференцијата во понеделникот рече дека санкциите не се мерки на одмазда.
„Ги сметаме овие мерки неопходни поради безбедностните проблеми предизвикани со ништо предизвиканиот напад врз Украина“, ја повтори Прајс фразата којашто ја користат САД во врска со украинската криза.
Стејт департментот во неделата им порача на американските државјани да размислат за моментално напуштање на Русија со комерцијалните летови, наведувајќи го големиот број откажани летови, затворањето на воздушните простори на многу земји за руските авиони, како и реакцијата на Москва.
Русија, којашто активноста на руските единици во Украина ги нарекува „специјална операција“, во понеделникот забрани влегување во нејзиниот воздушен прорстор за 36 земји.