Сопственикот на седум олимписки златни медали и еден од најдобрите пливачи на денешницата, Кејлеб Дресел не се најде во тимот на САД за Светското првенство во Фукуока на крајот на јули годинава.
Тој имаше четири обиди на државниот шампионат во Индијанаполис, но не беше меѓу првите двајца на ниту еден настан.
Најблиску беше на 50 делфин, каде го освои третото место. На 100 делфин беше петти, а целосно потфрли на 100 слободно каде беше 29. и 50 слободно каде заврши како 23.
За Дресел ова беше првиот вистински тест по Светското првенство во Будимпешта, кое го напушти поради наводни здравствени проблеми. Потоа направи долга пауза, но неговото враќање во базенот не беше успешно.