Соединетите држави до неделата претпладнето по локално време употребиле повеќе од 165 милиони дози од вакцините против Covid-19, а дистриубирале речиси 208 милиони дози, објави во неделата американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC).
Центарот наведудва дека 106.214.944 лица примиле барем една доза од вакцината, додека 61.416.536 луѓе ги промиле двете потребни дози до неделата.
Вкупно во домовите за долготрајна нега биле применети 7.742.126 дози од вакцинат, додаваат од CDC.
Белата куќа настојува да ја забрза постапката за имунизација на населението, поради сузбивањето на ширењето на коронавирусот кој од почетокот на пандемијата во САД се заразиле од 30,6 милиони случаи коронаинфекции, од кои починале повеќе од 554.000 луѓе, со што земјата е на првото место во светот.