САД ќе го именуваат својот прв амбасадор за Арктик

Соединетите држави имаат намера да именуваат амбасадор за Арктик, што е одлука којашто доаѓа откако Русија последните години ги интензивирала своите воени активности во тој регион.

„Амбасадорот би требало да биде именува поради унапредување на американската политика во северниот поларен регион“, изјави портпаролот на американската дипломатија, Ведант Пател.

Претходно во петокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди на „заканата којашто Русија ја претставува во северните поларни области“ и изрази загриженост „поради Кина и нејзиниот интерес за арктичкиот регион“.

Столтенберг во петокот ја посети канадската арктичка област и рече дека руските способности на северот претставуваат стратешки предизвик за НАТО. Предупреди и дека наводно Москва и Пекинг формираат стратешко партнерство коешто „ги доведува во прашање вредностите и интересите на НАТО.

„Новиот американски амбасадор ќе соработува со другите седум арктички земји: Канада, Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Шведска и Русија, како и со домародните заедници и другите интересни групи“, додаде Пател.

Според портпаролот на американскиот Стејт департмент, мирот и стабилноста во арктичкиот регион се од „клучна стратешка важност“ за САД и државниот секретар Ентони Блинкен го смета тоа за приоритет.

Шефот на американската дипломатија Блинкен наскоро треба да именува амбасадор чиешто поставување мора да го одобри Сенатот.

Објавата за именување на амбасадор на САД за Арктик доаѓа откако Русија постепено веќе со години го зајакнува своето воено присуство на Арктикот со градење нова најсовремена инфраструктура, обновување на пристаништата и воздухопловните бази, и развој на возила специјално наменети за поларни услови.

Другите земји, исто така, се обидуваат да го зајакнат своето присуство на Арктик, регион со огромно неискористено богатство од минерали. Тоа истовремено предизвикува стравување од јакнење на геополитичкото ривалство. САД ја обвинуваат Русија дека „агресивно се однесува“ во поларниот регион и предупредуваат дека треба „будно да се следат потезите“ на Кина.

Заменикот на претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, уште во октомвир 2020 година порача дека без оглед на тоа што некои земји се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата на Арктикот и сакаат да ја наметнат својата волја, Русија ќе ги брани своите позиции.

„Општо е познато дека одредени земји, пред сè НАТО, вклучително и САД, постојано се обидуваат да ги ограничат нашите активности на Арктикот и користат различни методи за да нè спречат. Понекогаш ќе изградат привремена воена база во близина на нашата граница или се закануваат со санкции“, рече тогаш Медведев.

Според него, ваквите мерки на САД се директна закана за безбедноста на Русија.

Претходно во 2019 година Русија, руското министерство објави дека започнало да ги опремува арктичките дивизии со напредните противвоздушни системи „С-400 Триумф“ и оти има намера да воспостави одбрена „купола“ на поларната област.