САД ќе отстапат на други земји 60 милиони дози од „AstraZeneca“

Соединетите држави на другите земји ќе им отстапат 60 милиони дози од вакцината против коронавирусот на англо-шведскиот „AstraZeneca“, изјави во понеделникот Белата куќа чијашто одлука да не ги извезува оваа вакцина која и по повеќе месеци не ја одобрија американските регулатори предизвика многу критики.

Само три вакцини против Covid-19 се засега одобрени во САД, и тоа сите на американски производители, односно на „Pfizer/BioNTech“, „Modernа“ и на „Johnson&Johnson“. Меѓутоа, милиони дози од вакцината на „AstraZeneca“ кои се произведени таму сега не можат да се користат.

„Штом ќе бидат достапни, САД ќе препуштат 60 милиони дози од вакцината на AstraZeneca на другите земји“, објави на Twitter Енди Славит, советник на Белата куќа за борба против коронавирусот.

Ги отфрла критиките за САД дека натрупуваат дози од вакцината против коронавирусот кои не ги користат. „Моментално многу малку се на располагање“, дова Славит.

„Пред дозите на вакцините од ‘AstraZeneca’ бидат испратени од САД, американската Агенција за лекови (FDA) ќе ги потврди дека одговараат на барањата за квалитет“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Вашингтон претходно најви догови за испраќање на 2,5 милиони дози од вакцината на „AstraZeneca“ во Мексико и 1,5 милиони во Канад.

Овој потег ги проширува плановите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за дистрибуција вакцините во Мексико и Канада.

Според американските медиуми, Белата куќа на овој потег се решила откако беше обновенено вакцинирањето со вакцината на „Johnson&Johnson“.

„Имајќи го предвид големиот број вакцини кои веќе се користат во САД и се одобрени од FDA, а бидејќи AstraZeneca не е одобрена за употреба во САД, нема да ни требаат вакцините од Оксфорд во следните неколку месеци. Затоа, САД бараат опции што побрзо да ги споделат дозите на AstraZeneca со други земји“, изјави координаторот на Белата куќа за Covid-19, Џеф Зајентс.

Околу десет милиони дози на „AstraZeneca“ треба да минат ревизија на FDA за да се исполнат стандардите за квалитет на производот, додаде Зајентс.

„Тој процес може да заврши во следните неколку недели. Уште 50 милиони дози се во различни фази на производство и ќе можат да бидат испорачани во мај и јуни, во зависност од дозволата на FDA“, изјави претставникот на Белата куќа.