Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри закон со кој што се даваат гаранации за заемот на новата украинска влада.
Законот, како што пренесува „Ројтерс“, е донесен со 385 гласови „за“ и 23 „против“.
Американскиот сенат ќе го разгледа законот со кој се дава гаранција за заемот на Украина во износ од една милијарда евра.
Доколку законот помине во Сенатот, ќе биде испратен на потпис кај претседателот Барак Обама со што ќе стане правосилен.