САД ги критикуваа новите израелски населби во Источен Ерусалим

САД остро го критикуваа новите планови на Израел за изградба на еврејски населби во источниот дел на Ерусалим.

– Ваквиот чекор ќе ги оддалечи од Израел дури и нивните најблиски сојузници, предупреди портпаролот на Белата куќа Џош Ернест. Проектот за изградба на 2.500 станови ќе доведе само до осуда на Израел од страна на меѓународната заедница и ќе ја стави под прашање израелската посветеност кон мировните преговори со Палестинците, истакна Ернест.