![kriptovaluti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/kriptovaluti.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Одделот за контрола на странска сопственост (OFAC) при американското министерство за финансии во петокот издаде нови насоки, појаснувајќи дека од американските граѓани и компании кои управуваат со дигитален капитал се бара да се придржуваат на санкциите кон Русија, дури и кога трансакциите објавуваат во криптовалути.
Во насоките на OFAC се наведува дека граѓаните на САД, како и компаниите кои се занимаваат со криптовалути „мора да бидат претпазливи во врска со обидите да се заобиколат прописите“ и дека би требало да ги преземат „чекорите за да обезбедат да не учествуваат во забранените трансакции“.
Таквото предупредување доаѓа бидејќи постои загриженоста дека дигиталната сопственост би можела да се искористи за да се заобиколат санкциите на Западот против Русија. Американски функционери порачаа дека не веруваат оти Русија би можела да ги употреби криптовалутите целосно да ги избегне санкциите, но и натаму ги предупредуваат компаниите да бидат претпазливи.
Во насоките издаден во понеделникот, одделот на американското министерство за финансии за борба против финансиски криминал (FinCEN) наведе дека берзите на криптовалути мора да ја пријават секоја сомнителна активност. А во известувањето од петокот се оди и чекор натаму и јасно се наведува дека на таквите берзи им е забрането да учестуваат или да овозможат такви трансакции кои се означени како незаконски.
Главните берзи на криптовалутите, вклучително и Coinbase и Binance, не се обѕираа на повиците да ги блокираат руските корисници, што го бараше Украина. Заменикот на украинскиот министер за дигитални трансформации Алекс Борнаков изјави за Reuters дека берзите кои ќе решат да останат во Русија ќе бидат соочени со негативна реакција на јавноста доколку не направат пресврт.