САД го честитаа Денот на независноста на Либан и го осудија терористичкиот напад во Ерусалим

САД испратија честитки до народот на Либан по повод Денот на независноста, а во меѓувреме го осудија денешниот терористички напад во Ерусалим при што загина едно лице, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– САД ја признаваат како богатата култура така и истрајноста на либанскиот народ, кој се соочува и надмина многу предизвици во изминатите 78 години. Во ова време на испити, САД ќе продолжат да стојат покрај народот на Либан со поддршка за нивните надежи за подобра иднина, се вели во соопштениото потпишано од државниот секретар Ентони Блинкен.

Во меѓувреме, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс испрати остра осуда за терористичкиот напад што денеска се случи во стариот град на Ерусалим, при што беше убиено едно лице, а ранети неколкумина.

Прајс испрати сочувство до настраданите и нивните семејства.