САД известија во средата за повеќе од 58.000 случаи на зараза со новиот коронавирус, што е рекордна бројка во светот, односно најголем раст на новозаразени на дневно ниво некогаш забележат во некоја земја, пренесува агенцијата Reuters.
Ова лето САД се соочуваат со поразт на заразените, па многу држави се принудени да ги затворат баровите и популарните плажи, во обидите да го сузбијат ширењето на вирусот.
Покрај речиси 10.000 нови случаи на Флорида, сојузните држави Калифорнија и Тексас пријавија по над 7.000 новозаразени лица.
Тенеси, Западна Вирџинија и Јута, исто така, бележат рекорди, а бројот на новите случаи се зголемува константно во 42 од 50-те сојузно држави, покажува анализата на Reuters во последните две седмици во одно на две седмини претходно.
САД се водечки во светот со над 3,11 милиони заразени, од кои во последното деноноќие забележале 810 смртни исходи, или вкупно од почетокот на епидемијата над 134.000 луѓе починале како последица на Covid-19.