Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс упати честитки до Израел и до Косово за официјалното воспоставување на дипломатски односи, оценувајќи дека се работи за „историски ден”.
Прајс, на својот профил на Твитер, напиша дека продлабочувањето на меѓународните односи меѓу двете земји ќе помогне во дополнително одржување на мирот и на стабилноста на Балканот и на Блискиот исток.
– Кога нашите партнери се обединети, САД се посилни, напиша Прајс.