
Амбасадите на неколку држави во Багдад, меѓу кои и на САД и Австралија, се евакуирани денеска заради напредувањето на екстремистите од организацијата „Исламска држава на Ирак и Левент“.
И покрај уверувањата на ирачките власти дека планираат контра-офанзива за пресметка со терористите, сепак западните земји го повлекуваат персоналот од амбасадите. САД има намера својот персонал да го префрли во Јордан.
Екстремистите денеска го зазедоа и северниот град Тал Афар, што претставува последен удар за шиитската Влада во Багдад. Притоа, биле ликвидирани заробените припадници на ирачките безбедносни сили.