Американските и британските разузнавачки агенции во моментов подготвуваат дезинформации за лица од опкружувањето на рускиот претседател Владимир Путин, како и за челните луѓе во руското Министерство за одбрана, коишто треба потоа да послужат како изговор за нови санкции против Руската Федерација, пренесува во саботата агенцијата РИА цитирајќи воено-дипломатски извор.
„Во моментов забележливо е изведување на активна фаза од антируската кампања, организирана од западните специјални служби со цел да се дискредитираат лица од поблиското опкружување на претседателот на Русија, како и на раководството на Министерството за одбрана. Се преземаат многу агресивни дејствијата во информацискиот простор. Во рамките на веќе неприкриените провокативни активности, стручњаци на америкаснките и британските тајни служби фабрикуваат лажни информации за руските челници“, тврди неименуваниот соговорник на агенцијата.
Според него, општо земени, оваа кампања ќе биде повторување на сценариото на ткн „Панамагејт“ (Panama Papers, досието за оф-шор компаниите на светските политичари во ткн ‘даночни оази’ објавувано во западните медиуми во 2015 година). Имено, се фабрикуваат информации кои ќе одат во прилог на тврдњата на Вашингтон и Лондон, кои во медиумскиот простор ќе бидат протурени преку непрофитни организации поврзани со американскиот Стејт департмент. Меѓу таквите организации соговорникот на агенцијата ги посочува Проектот за истражување корупција и организиран криминал (OCCRP) и Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ICIJ).
Според него, потоа овие „лажни вести“ ќе бидат пренесувани од медиумите, особено од оние кои се контролирани од влијателните американски финансиери. Во случајов, додава, станува збор за бројните фондови на Џорџ Сорос и Вилијам Браудер. Покрај тоа, во оваа „нова фаза од антируската кампања“ ќе бидат вклучени и изданијата кои се отворено финансирани од американските власти, вклучително и оние кои според законот во Русија се регистрирани како „странски агенти“, како што се „Радио Слобода“, „Сегашност“, како и OCCRP и други.
„Како и во случај со ‘Панамското досие’, и покрај апсурднсота на обвинувањата, Белата куќа очекува да ги искористи овие информации за да оправда нови санкции. Таквите активности претставуваат директно мешање во внатрешните работи на Руската Федерација, со цел да се дестабилизира ситуацијата во земјата, да се ослабне економскиот потенцијал на Русија и да создаде потпора за политичко влијание врз нејзиното водство“, вели уште воено-дипломатскиот соговорник на РИА: