Вашингтон и Техеран размениле пораки за деескалација на конфронтацијата, користејќи неофицијален канал за комуникација, тврди вос редата весникот Financial Times повикувајќи се на свои неименувани извори.
Според соговорникот на весникот, контактот меѓу американската и иранската страна бил направен во средата вечерта преку поседрување на Швајцари, којашто го застапува интересите на САД во однос со Иран уште од времето на исламската револуција пред четири децени од кога двете земји немаат дипломатски односи.
Во написот на Financial Times се заклучува притоа дека изјавата на американскиот претседател Донадл Трамп дадена претходно во средата во Белата куќа, укажува на тоа дека Вашингтон и Техеран одат чекор наназад по петдневното балансирање на работ од тоална војна.
Истовремено Белата куќа објави дека претседателот Трамп разговарал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Двајцата лидери разговараа за актуелната состојба на Блискиот исток. Претседателот истакна дека НАТО треба да ја зголеми својата улога во спречувањето конфликти и зачувувањето на мирот на Блискиот исток“, соопшти Белата куќа.
Претходно Трамп нагласи дека ќе побара од НАТО „да се вклучи многу повеќе во процесот на Блискиот исток“.
Во телевизиското обраќање од Белата куќа, коешто беше првично најавено за вторникот ноќта веднаш по иранските напади врз американските бази во Ирак како одмазда за ливидацијата на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад, Трамп порача дека САД се подфготвени за мир со Иран и се надева дека Техеран ќе има хармонични односи со сите други земји во светот.
Но истовремено, американскиот челник ја искористи можноста да најави нови санкции против Иран и да ги повика другите светски сили да го притиснат Техеран на нов нуклеарен договор кој ќе го оневозможи да дојде до нукеларно оружје и да се откаже од својата ракетна програма.