Соединетите држави договорно го решиле спорот со Австрија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија во врска со данокот на дигитални услуги кој би требало да биде заменет со новиот глобален данок.
Американското министерство за финансии го објави во четвртокот компромисниот договор со кој Франција, Австрија, Италија, Шпанија и Велика Британија ќе ги укинат даноците на дигиталните услуги штом на сила ќе стапи глобалната даночна реформа која претходно годинава ја договорија 136 земји во светот.
САД, пак, ќе ги запрат постапките со коишто имаа намера да воведат казнени царини и нема да воведат нови царини во текот на транзицискиот период, се наведува во заедничкото соопштение објавено во петокот, пренесува DPA.
Вашингтон претходно им се закани на споменатите пет европски земји со дополнителните царини по воведување на дигиталниот закон, но ја одложи нивната примена за неколку месеци за да се постигне меѓународно решение.
Предлогот за глобалното оданочување на технолошките компании прецизиран е на преговирите под покровителство на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) кој го прифатија 136 земји.
Договорено е воведување минимален глобален данок од 15 отсто на добивката на мултинационалните компании со глобални приходи повисоки од 20 милијарди евра и со маржа на оперативната добивка поголема од 15 отсто. Земјите, исто така, ќе ги споделат правата на оданочување на мултинационалните компании со разграната мрежа не меѓународно дејствување, а измените предвидуваат и постапно координирано укинување на дигиталните даноци кои некои земји ги воведоа и забраната за воведување нови слични давачки. Реформата треба да стапи на сила најрано во 2023 година.
Даноците на дигиталните услуги првенствено влијаат врз американските технолошки корпорации како „Google“ и „Facebook“, коишто се соочија со критики поради регистрации на своите седишта во земјите со ниски даночни стапк, и покрај раширеното меѓународно работење.