САД и Украина потпишаа 10-годишен безбедносен договор

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша 10-годишен безбедносен договор со неговиот украински колега Вoлoдимир Зеленски на маргините на самитот на Г7 во Италија, објави Ројтерс.

„Страните го признаваат овој договор како поддршка за евентуалното членство на Украина во НАТО алијансата“, се вели во договорот, според Ројтерс. „За да се обезбеди безбедноста на Украина, двете страни признаваат дека на Украина ѝ треба значајна воена сила, робусни капацитети и постојани инвестиции во нејзината одбранбена индустриска база кои се во согласност со стандардите на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Во документот се забележува дека САД имаат намера да ѝ дадат на Украина материјал, обука и советување, одржување, разузнавање, безбедност, одбранбена индустриска, институционална и друга поддршка.