Соединетите држави „заедно со десетиците сојузници“ ќе бараат Кина и Иран да платат висока цена доколку ѝ испорачаат оружја на Русија или ѝ помогнат да ги заобиколи западните санкции воведени поради војната во Украина, се закани во понеделникот портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.
Портпаролот на дипломатијата на САД истакна дека Вашингтон сѐ уште не забележал такви активности, но внимателно го следат почитувањето на сеопфатните санкции кои против Русија ги воведе ткн колективен Запад предводен од Вашингтон.
„Испораките на оружје или каква и да е помош од страна на Кина за Русија за систематско избегнување на санкциите без преседан, контролата на извозот и финансиските мерки… ќе повлече многу висока цена којашто ќе биде побарана не само од САД, туку и во содејство со десетици земји ширум светот“, изјави Прајс чијашто земја и нејзините сојузници на Украина изминатите осум години ѝ испорачаа и сѐ уште испорачуваат оружје до стотици милијарди долари.
Портпаролот додаде дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повторил ваквото предупредува за Пекинг во текот на неодамнешниот состанок со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
На истиот брифинг за новинарите, Прајс му се закани и на Иран со воведување нови санкции доколку Иран на Русија ѝ ги префрли беспилотните летала од иранско производството, а за што пишуваа американските медиуми но не е потврдено од Москва и Техеран пред претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Исламската Република.
„Ние веќе ја искажавме нашата загриженост во врска со иранската испорака на технологија за беспилотни летала. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата. Сите наши санкции (против Иран) остануваат на сила. Секоја операција од ваков вид ќе резултира со голем број санкции коишто ги имаме предвидено, а исто така и, веројатно, низа санкции од други земји во светот“, рече портпаролот на американската дипломатија.
Претходно минатата седмица по медиумите и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден без да даде докази објави дека Иран наводно планира на Русија да ѝ испорача неколку стотици беспилотни летала, меѓу кои и такви коишто може да понесат оружје.