До крајот на октомври САД на европскиот континент, вклучително и во Украина разместиле повеќе од 16.000 војници и повеќе од 84,1 илјади тони воена опрема и оружја, објави Транспортната команда на американската војска (Transcom).
„Транспортната команда започна да испорачува воена опрема во Украина на 21-ви јануари годинава и продолжува со испораките“, се наведува во соопштението.
САД се инаку најголемиот донатор на вооружување на Украина од почетокот на руската инвазија во износ од најмалку 16 милијарди долари, а според објавата испораките поинтензивно започнале уште еден месец пред почетокот на војната.
Се додава, исто така, дека на 3-ти февруари започнал транспортот на единиците стационирани дотогаш во САД во Европа.
Според податоците, заклучно со 30-ти октомври, споменатата команда на американските војски транспортите на трупите, оружјата и другата воена опрема на европскиот континент, вклучително и во Украина, биле изведени со 845 летови, 47 бродови, 114 железнички композиции и над 3.400 камиони.
Како резултат на тоа, повеќе од 16.000 американски војници, 63.000 противтенковски системи, повеќе од 68,2 милиони парчиња муниција за огнено оружје, над 966.500 артилериски гранати, 202 артилериски системи, повеќе од 1.400 системи за противвоздушна одбрана, 46 радари, 15 хеликоптери и 26 патролни чамци.