Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе испрати 1.500 војници на американско-мексиканската граница бидејќи очекува зголемување на бројот на мигранти поради укинувањето на ограничувањата воведени за време на борбата против пандемијата на коронавирусот, соопштија претставници на администрацијата.
Воениот персонал ќе врши внесување податоци и други административни задачи за да можат агентите на царината и граничната заштита да се фокусираат на теренската работа, рекоа официјалните лица, кои зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не биле овластени да зборуваат јавно.
Воведените ограничувања за борба против пандемијата им дозволија на американските власти да одвратат десетици илјади мигранти кои сакаа да ја преминат јужната граница на САД.
Тие ограничувања ќе бидат укинати на 11 мај, а администрацијата на Бајден веќе направи големи промени за однапред да ги заостри граничните мерки.